Дома Фудбал Лапорта се врати од Америка и потврди голем трансфер за Барселона

Лапорта се врати од Америка и потврди голем трансфер за Барселона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, минатите денови престојуваше во Соединетите Американски Држави каде го гледаше финалето на Светскиот куп, а по враќањето во Шпанија ги воодушеви навивачите на каталонскиот клуб со потврдата дека завршиле уште едно големо засилување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред неколку дена стигна официјална потврда дека Барселона се вратила на правилото 1:1 во однос на финансиските услови и по неколку години страдања конечно можат да носат засилувања без проблеми.

Тоа најдобро се виде при трансферот на Ентони Гордон кој минатиот месец за околу 80 милиони евра пристигна од Њукасл, но изгледа дека тој потпис за Каталонците бил само “загревање”.

Тоа го потврди и Лапорта кој денес се врати во Барселона откако престојуваше неколку дена во Америка каде што го следеше финалето на Мундијалот помеѓу Шпанија и Аргентина.

Првиот човек на Барселона го пречека група новинари на аеродромот, а нормално најмногу ги интересираа трансферите кои ги подготвуваат Каталонците во продолжение на летото.

Лапорта ги воодушеви навивачите на Барселона со потврдата дека еден трансфер веќе е завршен и дека во просториите на клубот веќе утре ќе биде претставено новото засилување.

Станува збор за Карим Адејеми кој доаѓа од Борусија Дортмунд, а неговиот трансфер Барселона ќе ја чини околу 30 милиони евра.

„Да, вистина е. Тој утре потпишува за Барселона. Ќе биде официјално претставен веднаш потоа”, потврди Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ испрати жестока порака до Паредес! “Имаше среќа, да бев јас таму…”

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ се осврна на конфликтот во кој учествуваше аргентинскиот и…