Дома Фудбал Италија Газидис: За викендот играме против најдобриот италијански тим

Газидис: За викендот играме против најдобриот италијански тим

0

„Росонерите“ никако не успеваат да се вратат на старите славни патеки. Засега се на средина на табелата и имаат најлош старт уште од воведувањето на системот според кој се сметаат по три бода победа во Серија А.

Сепак, директорот Иван Газидис верува дека Милан не е така далеку од враќање на вистинскиот пат и за него влијание во тоа би можел да има натпреварот со Јувентус во недела.

Газидис разговараше со новинарите во текот на промоцијата на новата книга посветена на богатата историја на Милан.

„Денес многу научивме за историјата на Милан, но ние како клуб сега сакаме да создаваме нова историја. Нашиот тим е млад и се развива. Изгубивме од Лацио, но имаме прилика повторно да почнеме да се надеваме. Мораме да се фокусираме на сегашноста“.

„За викендот играме против најдобриот италијански тим. Сигурен сум дека можеме да пружиме добар настап против Јувентус. Мислам дека овој натпревар може да ни помогне да се вратиме на вистинскиот пат, повторно да станеме голем клуб“, порача Иван Газидис.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се огласи Роналдо: Не сум добро, јас сум многу добро!

Кристиано Роналдо за прв пат пред медиумите се огласи по моментот од натпреварот против Ми…