Дома Фудбал Челси казнет со 11.7 милиони евра и условна забрана за трансфери

Челси казнет со 11.7 милиони евра и условна забрана за трансфери

Англискиот гигант Челси доби парична казна од 10 милиони фунти, односно 11.7 милиони евра, и условна забрана за доведување играчи во текот на два преодни рокови поради кршење на финансиските правила во ерата на поранешниот сопственик Роман Абрамович.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од Стамфорд Бриџ беше под долготрајно истражување, а санкциите следуваа откако минатата година во септември беа обвинети за дури 74 прекршувања на правилата на Англиската фудбалска асоцијација (ФА). Интересно е што сегашните сопственици сами пријавиле неправилности кои датираат од периодот од 2009 до 2022 година, и ги вклучуваат трансферите на играчи како Вилијан, Еден Азар и Самуел Ето.

Исто е значајно дека првичната казна била различна. Независната регулаторна комисија првично му изрече на клубот условно одземање на шест поени, но по жалбата на Челси, Независната жалбена комисија ја укина таа мерка.

Наместо тоа, одредена е забраната за регистрација на играчи за два полни и последователни преодни рокови, која е условна до 30 јуни 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри даде сигнал да се започне со ангажман на Влаховиќ

Жозе Мурињо, уште пред формалното враќање во Реал Мадрид, го посочи Душан Влаховиќ како за…