Дома Фудбал „Земи или остави“: Перез ја изгуби трпеливоста и лично го контактираше Винисиус

„Земи или остави“: Перез ја изгуби трпеливоста и лично го контактираше Винисиус

Во Реал Мадрид почнуваат да ја губат трпеливоста кога станува збор за продолжувањето на договорот со Винициус Жуниор, па Флорентино Перез денеска го контактираше Бразилецот и му соопшти каква одлука донел.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Долго време трае сагата околу продолжувањето на договорот на Реал Мадрид и Винициус Жуниор кои преговараат повеќе од година дена, но до договор не дошле.

Се очекуваше дека пред почетокот на новата сезона сѐ ќе биде решено со оглед на тоа што Винициус влезе во последната година од договорот со Кралевите, но тоа сѐ уште не се случило.

Главниот проблем е што Винициус бара значително поголема плата отколку што има во моментот, иако е и сега меѓу најплатените фудбалери во Европа.

Покрај тоа, Винициус отворено „флертува“ и со други клубови, и не е тајна дека Арсенал е многу заинтересиран за него и како што времето минува, сѐ пореална е опцијата тој да ја продолжи кариерата на „Емирати“.

Тоа дополнително го потврди и одлуката што ја донесе претседателот на кралскиот клуб Флорентино Перез кој очигледно ја изгуби трпеливоста со Винициус кого денеска лично го контактираше.

Шпанските медиуми наведуваат дека Перез е лут што Винициус упорно бара повеќе пари и што не сака да попушти, па јасно му порача на Бразилецот дека понудата што ја има на масата од нив нема да се промени.

“Земи или остави”, наводно му рекол Винициус првиот човек на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул и ПСЖ можат да започнат преговори за Баркола

Ливерпул е подготвен да започне преговори со Пари Сен Жермен за можен трансфер на Брадли Б…