Дома Фудбал Шкендија го дозна ривалот во третото квалификациско коло во Конференциската лига

Шкендија го дозна ривалот во третото квалификациско коло во Конференциската лига

Шкендија обезбеди пласман во третото квалификациско коло од Конференциската лига, а по вчерашниот триумф над Браво од 3-1, тетовскиот клуб го доби и противникот со кого ќе се соочи во следната рунда.

На патот на Шкендија ќе застане шкотскиот Хибернијан, кој направи целосен пресврт во двомечот со косовска Малишева.

Хибернијан синоќа славеше убедливо со 4-1, со што ја надополни негативата од првиот натпревар, во кој Малишева триумфираше со 2-0. Шкотите со вкупен резултат 4-3 успеаја да се пласираат во следната фаза.

Шкендија првиот натпревар ќе го одигра на гостински терен. Првиот дуел против Хибернијан е закажан за 6 август во Шкотска, додека реваншот ќе се игра седум дена подоцна во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина славен голман кој бранеше во Премиер лигата

Поранешниот чувар на мрежата на Вест Хем, Квинс Парк Ренџерс и репрезентацијата на Чешка, …