Дома Фудбал Ули Хенес за продажба на Олизе, Кејн или Дијас: Треба да сме луди!

Ули Хенес за продажба на Олизе, Кејн или Дијас: Треба да сме луди!

Членот на надзорниот совет на Баерн (Минхен) и почесен претседател на Баварците, Ули Хенес, категорично ја отфрли можноста за продажба на било кој од тројката напаѓачи Михаел Олизе, Хари Кејн и Луис Дијас. Тој исто така го коментираше новото засилување на тимот Исмаел Сајбари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Договорот на Кејн го продолжуваме? Не сум зборувал директно со Хари по тоа прашање, но слушнав дека е пресреќен во Минхен. Исто така, ние сме многу задоволни од него и навистина нема причина да си замине следната година. Барем јас не гледам причина за тоа. Тој е вистински пример за подражавање во секоја смисла на зборот. Не само како голгетер, туку и како играч на теренот, и како личност.

Да го продадеме Кејн, Дијас или Олизе? Зошто би го направиле тоа? Би биле луди! Трошиш 60-70 милиони евра, добиваш можеби 120 милиони евра и потоа трчаш по други играчи, без ни да знаеш како ќе се вклопат во тимот. Имаме среќа да го имаме најдоброто трио на светот: Дијас, Кејн и Олизе. Исмаел Сајбари сигурно ќе го засили овој тим. Би било крајно лудо дури и да размислуваме за продажба на некој од нив“, рече Хенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалскиот свет потона во тага: Почина легендарниот Франко Барези

Срцето на Милан престана да чука… Збогум, Капитену! Како ПАМЕТНО да типувате на Worl…