
Тежок ден е зад Џани Инфантино. Oд УЕФА му порачаа дека сите европски земји ќе го бојкотираат Светското првенство доколку не ги промени своите ставови околу продажбата на Светското првенство, а потоа следуваше уште еден удар за него.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Џани Инфантино би можел наскоро да ја напушти функцијата претседател на ФИФА, се најновите информации.
Според ексклузивните информации од англиските медиуми што се појавија, се очекува дека првиот човек на светската фудбалска организација ќе се повлече од позицијата претседател.
Исто така, не е прецизирано ниту кога би можела евентуалната оставка да биде официјално потврдена.
Инфантино се наоѓа на чело на ФИФА од февруари 2016 година. Под негово водство, светскиот фудбал помина низ многу промени.