Дома Фудбал Ливерпул и ПСЖ можат да започнат преговори за Баркола

Ливерпул и ПСЖ можат да започнат преговори за Баркола

Ливерпул е подготвен да започне преговори со Пари Сен Жермен за можен трансфер на Брадли Баркола, пренесува Press Association.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


23-годишниот фудбалер се приклучи на парижаните од Олимпик Лион за 45 милиони евра во 2023 година и беше дел од двата последователни триумфи на тимот во Лигата на шампионите.

Ливерпул е заинтересиран да го донесе Баркола на “Енфилд”, а цената на францускиот репрезентативец е 170 милиони евра. Засега управата на “црвените” смета дека ќе плати значително помала сума за трансферот на напаѓачот.

Баркола постигна 3 гола за Франција на Светското првенство 2026 ова лето, а моментално е на одмор пред почетокот на новата сезона на клупско ниво. Ливерпул е на предподготвителниот период во САД, каде одигра два контролни натпревари, победувајќи го Сандерленд со 4:2 и Рексам со 1:0.

Во новата сезона Ливерпул ќе биде воден од менаџерот Андони Ираола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси казнет со 11.7 милиони евра и условна забрана за трансфери

Англискиот гигант Челси доби парична казна од 10 милиони фунти, односно 11.7 милиони евра,…