Дома Фудбал Најмоќниот човек во европскиот клупски фудбал сака да биде претседател на ФИФА

Најмоќниот човек во европскиот клупски фудбал сака да биде претседател на ФИФА

Ќе биде возбудливо кога ќе започне кампањата за изборите кои ќе се одржат во март 2027 година. Нема повеќе сомнение, Европа и УЕФА веќе не го сакаат Џани Инфантино на позицијата претседател на ФИФА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По информациите дека Џани Инфантино е подготвен за неверојатна сума пари да ги продаде правата на светското првенство на одредени приватни инвеститори, доаѓа до сериозни турбуленции во фудбалот.

Европа е подготвена да го поддржи претседателот на ПСЖ Насер Ал-Келаифи во трката за претседател на ФИФА, пишува “Политико”. Токму богатиот Катарец кој е во одлични односи со УЕФА и претседателот на таа организација Александар Чеферин, би можел да биде противкандидат на Џани Инфантино на следните избори за местото прв човек на ФИФА.

Европските фудбалски сојузи сериозно ја разгледуваат кандидатурата на Насер Ал-Келаифи. Ако се потсетиме, Келаифи беше значаен сојузник на Чеферин и УЕФА, кога го одбија нападот на богатите клубови за формирање на Суперлигата и практичното укинување на Лигата на шампионите. Келаифи тогаш излезе во јавноста и јасно го поддржа УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жесток удар за Реал: Еден од најважните фудбалери поради повреда подолго време надвор од терените!

Фудбалерот на Реал, Раул Асенсио ќе отсутствува шест недели од терените поради повреда на …