Јувентус не дозволил стоперот да започне преговори.
Мехди Бенатија е фудбалер кој беше мета на неколку клубови, како Арсенал и Марсеј. Се обидуваа да го доведат, но „старата дама“ ги стопираше сите активности поврзани за заминувањето на фудбалерот.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Бенатија имаше проблем во Јувентус бидејќи не игра многу и посакуваше трансфер. Сепак тоа нема да се случи бидејќи во Торино одлучија да го задржат барем до крајот на оваа сезона.
Денес попладне бил одржан состанок помеѓу Бенатија и управата клубот. Иако играчот наводно барал да биде продаден тој ќе остане во клубот најмногу поради повредата на Андреа Брзаљи.
Оваа сезона Бенатија одигра само шест натпревари.
https://www.youtube.com/watch?v=aoWveN-9YlI