Чилеанскиот тенисер Кристијан Гарин е еден од многуте разочарани од состојбата на тенискиот терен во Сантијаго.
Гарин кој некогаш беше помеѓу најдобрите 20 тенисери на АТП листата е свесен за својата лоша форма, меѓутоа не пропушти и да испрати сосема оправдани критики за состојбата на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Моето ниво во овој момент е многу ниско, многу се повредувам, можам да изгубам од било кого. Се трудам, но ваква игра е депресивна“, изјави Гарин.
За теренот во престолнината на Чиле.
„Не сакам да критикувам турнир во својата земја, но ова е најлошиот терен на кој сум играл на еден АТП турнир“.
На објавената снимка од мечот може да се види и како во еден момент топчето и не отскокнува од земјата.
La cancha en Santiago es peor que mala.
— Tiempo De Tenis (@Tiempodetenis1) February 27, 2024
Insólito.pic.twitter.com/X2HzaWz2pW