Дома Фудбал Италија „Вистинскиот вирус е Јувентус. Дезинфекција на Торино“

„Вистинскиот вирус е Јувентус. Дезинфекција на Торино“

Дербито на 3. коло помеѓу Јувентус и Наполи синоќа не е одиграно откако гостите од Наполи поради појава на корона вирус во тимот не допатуваа во Торино.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерите на Јувентус се појавија на Алијанц арената, беше најавен и почетниот состав, а како што стојат работите веројатно Старата дама ќе го добие натпреварот со службени 3:0.

Првиот човек на Наполи, Де Лаурентис побара од Јувентус да се солидализира со неговата екипа, но неговиот повик беше залуден, па навивачите на Наполи незадоволството го искажаа преку транспарент на својот стадион.

„Вистинскиот вирус е Јувентус. Дезинфекција на Торино.“ – пишуваше на транспарентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид ја прекинува потрагата по нов играч за врска

Управата на Реал Мадрид одлучила да ја прекине потрагата по нов играч од средниот ред, отк…