Дома Фудбал Останато Видео: Јунајтед лесно против Партизан, Рома поразена во последна минута

Видео: Јунајтед лесно против Партизан, Рома поразена во последна минута

Манчестер Јунајтед немаше проблеми и славеше висока победа против Партизан (3:0) во 4-то коло од Лига Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Солскјер изведе на терен респектабилен состав и од самиот старт тргна по победата, па веќе на почетокот дојде до водство со голот на Гринвуд.

Веднаш потоа предноста ја дуплираше Марсијал, а точна на натпреварот стави Рашфорд со прекрасен погодок.

Возбудлив натпревар одиграа Борусија Мехенгладбах и Рома, а на крајот славеа домаќините со гол во судиското продолжение. Фацио си постигна автогол во првото полувреме, но потоа ја исправи грешката и погоди во вистинската мрежа за 1:1. Кога се чинеше дека бодовите ќе бидат поделени, во последната минута Турам и донесе победа на Мехенгладбах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ибрахимовиќ откри кој му бил најдосаден натпревар досега на Мундијалот: Заспав во второто полувреме (Видео)

Легендарниот шведски напаѓач од босанско потекло, Златан Ибрахимовиќ, на својствен начин г…