Дома Останати Кошарка Видео: Ноќ на фаворитите во НБА!

Видео: Ноќ на фаворитите во НБА!


Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓


Трите главни фаворити за шампионскиот трофеј во НБА лигата, остварија победи на натпревараите кои се одиграа ноќеска.

Шампионот Кливленд им се врати на победите, откако го совлада Детроит со 104-91. Кајри Ирвинг со 25 и Леброн Џејмс со 21 поен беа најистакнати поединци. Кевин Лав мечот го заврши со „дабл-дабл“ учинок од 12 поени и 13 скока. Кај Детроит, Џон Луер беше автор на 15 поени.

Тимот на Голден Стејт славеше победа на гостувањето кај Бостон со 88-104. Во победничкиот тим Клеј Томсон оствари 28 поени, додека Кевин Дурант беше стрелац на 23 коша, а имаше и 10 скокови, додека Стив Кари средбата ја заврши со 16 поени.

Екипата на Оклахома Сити предводена од Расел Весбрук кој оствари дабл-дабл учинок од 30 поени и 11 скокови славеше убедлива победа над Бруклин со 124-105.

Резултати: Шарлот – Аталанта 100-96, Индијана – Феникс 96-116, Кливленд – Детроит 104-91, Бостон – Голден стејт 88-104, Њу Орлеанс – Портланд 113-101, Оклахома – Бруклин 124-105, Далас – Мемфис 64-80, Денвер – Торонто 111-113, ЛА Лејкерс – Сан Антонио 107-116, Сакраменто – ЛА Клиперс 115-121

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Во НБА заработува милиони, а се пожали на скапото гориво – во Македонија ќе платеше скоро двојно повеќе!

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ НБА ѕвездата од редов…