Дома Останати Кошарка Видео: Атланта го запре шампионот!

Видео: Атланта го запре шампионот!

Шампионот Кливленд како домаќин загуби од Атланта 106:110. Њу Орлеанс и во осмиот меч не успеа да победи, овој тим заедно со Филаделфија се единствените кои немаат победа од почетокот на сезоната.

Кливленд по стартните шест победи го доживеа првиот пораз во првенството и тоа на домашен терен од екипата на Атланта 106:110. Гостите од Џорџија на теренот на шампионот одиграа брилијантен меч и предводени од Денис Шредер (28 поени, 6 асистенции), Кент Бејзмор (25 поени, 6 скока) и Пол Милсап (21 поен, 5 скока) дојдоа до победата.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Кај Кливленд Кајри Ирвинг постигна 29 поени, Кевин Лав имаше двоен ефект од 24 поени и 12 скокови, а Леброн Џејмс имаше учинок од 23 поени, девет скока, пет асистенции и три украдени топки.

На останатите натпревари: Портланд, предводен од Лилард и Мекалум, славеше над Феникс 123:121, ЛА Лејкерс против Далас го забележаа првиот сезонски пораз на домашен терен 97:109, Сакраменто го порази Њу Орлеанс 102:94, Бруклин ја совлада Минесота 119:110, а Мемфис во драматичен финиш го победи Денвер 108:107.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Се подготвува потрес во НБА: Леброн станува соиграч на Дончиќ и Ирвинг?!

Според последните информации кои се појавија во медиумите во САД, Леброн Џејмс заедно со н…