Дома Трансфер зона Вертонген на чекор од Интер

Вертонген на чекор од Интер

Белгискиот репрезентативец Јан Вертонген е на излезна врата од Тотенхем, а според последните информации големи се шансите кариерата да ја продолжи во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вертонген влезе во последната година од договорот и нема најави за негово продолжување, па е слободен да преговара со заинтересираните клубови.

Најсилен интерес во моментов за 32-годишниот дефанзивец покажува Интер, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Конте бара замена за Годин кој е на излезна врата и верува дека Холанѓанецот е идеално решение бидејќи може да пристигне без обештетување, притоа има големо искуство.

Вертонген е отворен за преселба во Милано и двете страни се блиску до договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…