Дома Фудбал Германија Вернер и Лајпциг го „прегазија“ Мајнц (видео)

Вернер и Лајпциг го „прегазија“ Мајнц (видео)

Фудбалерите на Лајпциг веднаш се вратија на победничките патеки после киксот во минатото коло и со високи 5:0 славеа на гостувањето кај Мајнц.

Играч на мечот беше фантастичниот Тимо Вернер, кој постигна хет-трик и покажа дека паузата не влијаела на неговата голгетерска форма.

Вернер го откри резултатот, а до полувремето погодија уште Јусуф Поулсен и Марсел Сабицер. 

На самиот почеток на вториот дел Вернер го зголеми водството на 4:0, но Лајпциг не престана да создава шанси. Победата можеше да биде и уште поубедлива, а конечните 0:5 повторно беа дело на Вернер во 75-та минута.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Казната нема да влијае: Де Брујн останува во Манчестер Сити!

Патрик де Костер, агент на ѕвездата на Манчестер Сити Кевин де Брујн ја коментираше евенту…