Дома Македонски спорт Велковски по поразот: Играчите на Славен лежеа на тревата како тим од трета лига во Македонија

Велковски по поразот: Играчите на Славен лежеа на тревата како тим од трета лига во Македонија

Ријека изненадувачки загуби од Славен Белупо со минимални 1:0, а во првиот тим на Ријека за овој натпревар беше македонскиот фудбалер Дарко Велковски.

Славен Белупо така освои важни бодови во борбата за опстанок, додека Ријека направи чекор назад во борбата за првите позиции.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


По натпреварот Велковски даде интересна изјава и ситуацијата со играчите на Славен Белупо кои премногу лежеле на теренот ја спореди со третолигаш од Македонија.

„Имавме шанси ама не ги искористивме. За разлика од нас противникот искористи една. Натпреварот изгледаше добро додека тие имаа сила, а потоа почнаа да лежат на тревата и да задржуваат време. Не сум видел играчи на некои тим толку да лежат од кога играв за Работнички во Купот на Македонија против тим од третата лига“, изјави Велковски за сајтот на Ријека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Далиќ искрен: Имаме хиерархија, Петковиќ не требаше да го шутира пеналот

Хрватска доживеа тежок пораз од 3:0 од Шпанија вчера во Берлин на отворањето на Европското…