Иако екипите на Хајдук и Ријека викендов не играа меѓусебе навивачите на овие два клуба имаа жестока пресметка на автопатот А6 во Горски Котар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поголема група на Армадата се судрила со десетици припадници на „Торцида“, но набрзо тие добиле засилување од поголема група со комбиња и автомобили. Така според пишувањата на хрватските медиуми во пресметката учествувале и над 400 фанови.
Групите се пресретнале додека оделе на гостувањата на своите тимови, Хајдук играше со Истра, додека Ријека се соочи со Осиек.
На крајот реагирала и полицијата, па голем број припадници на навивачките групи биле уапсени.