Дома Фудбал Велемајстор: Лука Модриќ со еден потег ја исфрли цела противничка одбрана! (ВИДЕО)

Велемајстор: Лука Модриќ со еден потег ја исфрли цела противничка одбрана! (ВИДЕО)

Капитенот на репрезентацијата на Хрватска Лука Модриќ го спаси Реал Мадрид од нова бламажа.

Во 51-та минута од гостувањето во предградието на Мадрид кај Леганес во 32-то коло од шпанското фудбалско првенство, Модриќ мајсторски намести гол за конечни 1:1.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Хрватскиот играч за врска прими топка свртен со грб на дваесетина метри од голот и беше опкружен со двајца чувари. Тешката ситуација во која се најде Модриќ ја реши со само еден „магичен“ допир.

Модриќ со тој потег си направи себеси одлична позиција, но не се одлучи да шутира туку одлично го пронајде Карим Бензема кој реализираше од неговиот втор обид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул не ја промени одлуката околу Дарвин, Рамадани го држи клучот за трансфер?

Дарвин Нуњез не е во плановите на Арне Слот и неговата следна дестинација извесно е –…