Вчера во македонската јавност многу се зборуваше за статусот на Бобан Грнчаров кој го обвини Сергеј Самсоненко за ситуацијата во која клубот се наоѓа сега.
Денес од Вардар реагираа на статусот на поранешниот стопер на црвено-црните.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во продолжение во целост ви ја пренесуваме реакцијата:
Почитуван г-дин Бобан Грнчаров
Вие како фудбалер бевте дел од Вардар во период од 4 години. Вашата определба да бидете професионален спортист веруваме дека Ве отргнала од намерата да се едуцирате при што покажувате тотална неукост и познавање за да коментирате теми поврзани со економија и финансиски менаџмент, раководењето на ФК Вардар или било кој друг спортски колектив. Во контекст на горенаведеното сте неинформирани и пласирате непроверени информации во јавноста. Но, секако, можевте да се консултирате пред да објавите небулозни податоци, а ние секако ќе Ви излезевме во пресрет со документација, која сега ние ќе ја презентираме, а, секако истата е јавно достапна и на увид на секој заинтересиран.
Кусо предавање на темата за која сте коментирале, а, е далечна за Вас. ФК Вардар во сезоната 2017/2018 оствари историски подвиг со пласманот во ЛЕ. Во таа сезона буџетот на клубот изнесуваше 5.3 милиони евра. Приходите остварени по сите основи вклучувајчи ја и УЕФА изнесуваа 3,6 милиони евра. Разликата која се јавува во тековната 2017 година, но и во сите останати години е надополнета со лични средства од г-дин Самсоненко. Вие ги презентиравте само средствата кои се по основ на приходи, а, никаде не кажувате дека тој клуб има и расходи многу поголеми од влезните средства. Да, точна Ви е констатацијата дека дел од тие средства завршија во РК Вардар како позајмица, но тие средства подоцна се вратени назад и тоа повторно од г-дин Самсоненко, за што постои документција која може да го поткрепи нашето излагање. Средствата кои Вие ги споменувате дека се дадени како позајмица на РК Вардар а како што наведовме предходно истите се вратени во ФК Вардар, помогнаа за освојување на 2 титули во Ракометната Лига на Шампиони, резултат кој можеби Ви пречи на Вас но тој успех преставува огромна радост за цела Македонија.
Лично Вие г-дин Грнчаров за Вашиот престој во клубот имате заработено 25.920.000 денари или 421.470 еур од ФК Вардар т.е. лично од г-дин Самсоненко. Иако според сите спортски работници Вие бевте преплатен. За време на Вашиот престој во клубот бевте капитен со сета одговорност која произлегува од таа функција, но Вие сте и добро познат на целокупната спортска јавност како играч кој постојано правеше раздор, проблеми и нечесни игри во клубот и надвор од него. За жал и по Вашето заминување во спортска пензија, во континуитет продолжувате во ист стил да „роварите“ во клубот кој Ве порасна како фудбалер, и каде ја завршивте Вашата кариера. Единствена разлика е што сега тоа го правите преку вашиот спортски портал и користејќи ги социјалните мрежи …
Жално и срамно !!!
Спортски Поздрав
Администрација на ФК Вардар
Доколку не сте запознаени станува збор за овој статус на Грнчаров: