Екипата на Вардар е прв финалист на Меѓународниот ракометен турнир Струга, откако вечерва повеќе од убедливо го совлада шведскиот тим Ескилстуна Гуиф со 32 :18.
Избраниците на Владо Недановски не му дадоа никаква шанса на шведски Гуиф, на полувреме заминаа со седум гола разлика, а прдноста растеше во вториот дел.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Најдобар стрелец во екипата на Вардар беше Ашраф Маргели со седум погодоци. Противник на вардарци во утрешното финале ќе биде подобриот од дуелот што е во тек меѓу Еурофарм Пелистер и ПАОК.