
Лионел Меси изминатата вечер го постигна својот 19. гол во МЛС лигата сезонава, но неговиот Интер Мајами не победи во дербито против лидерот на табелата, Нешвил.
Уште во четвртата Нешвил дојде до водство со голто на Суриџ, меѓутоа тимот на Меси израмни по 20 минути игра преку Бакер и со по еден гол на двете страни се замина на паузата.
Меси на сцена стапи во 62-та минута кога по асистенција на сонародникот Де Пол стрелаше за целосен пресврт. За аргентиснкиот ас тоа беше 928. во гол на официјалните натпревари во кариерата. Сепак, во самиот финиш од средбата Суриџ го постигна својот втор гол за израмнување.
Ова беше и дерби во првенството бидејќи Нешвил е лидер со 54 бода, додека Интер Мајами е зад него, но со дури девет бода помалку.