Шведскиот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ зборуваше за италијанские медиуми кои ги интересираше и мислењето на Швеѓанецот за другите фудбалери.
Ретко Ибрахимовиќ некого фали, а сега откри дека е импесиониран од Ерлинг Халанд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јас бев кралот на фудбалот, но сега дојде време да ја предадам круната на друг играч. Станува збор за Ерлинг Халанд, од поодамна немам видено таква машина за голови. Ме потсетува на мене во мојата најдобра форма“.
Немало многу играчи кои го воодушевиле како Халанд.
„Навистина ме импресионираше. Многу ми се допаѓа и како размислува, сите фудбалери треба да бидат како него, полни со самодоверба во своите квалитети. Немаше лесен пат во младинските категории на Норвешка, некои му предивидуваа неуспех, а сега е во самиот врв“, изјави Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ како што стојат работите наредната сезона нема да го носи дресот на Милан, пред него се понуда од Монца, но се споменуваат и клубови од Кина и Саудиска Арабија.