Тенисерите Јуриј Родинов и Лука Пуј ќе испишат историја на Ролан Гарос.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, овие двајца тенисери ќе бидат првите кои ќе одиграат два натпревари меѓусебно на ист турнир. Двајцата се сретнаа во последното коло од квалификациите, а искусниот Французин победи со 6:1, 7:5 и 6:0 и така дојде до главната фаза.
Белорусинот кој беше поразен имаше среќа да биде помеѓу „среќните губитници“. Како играч кој загуби беше извелечен од барабанот и така доби можност да биде во главната фаза.
Потоа дојде ждрепката за првото коло на Ролан Гарос, а таа сакаше за противник да го добие токму ривалот од кој загуби во четвртокот.
Мечот во четвртокот беше нивни прв меѓусебен и сега вториот ќе го одиграат на истиот турнир, нешто што досега не се случи на најголемите тениски турнири.