Дома Бокс Застрашувачкиот Реуг Реуг беше тешко нокаутиран, а потоа започна општа тепачка во рингот (Видео)

Застрашувачкиот Реуг Реуг беше тешко нокаутиран, а потоа започна општа тепачка во рингот (Видео)

Сенегалскиот борец Омар Кејн (Реуг Реуг) го загуби појасот на првак во тешка категорија во организацијата ONE. Во Бангкок, во четвртата рунда беше тешко нокаутиран од Русинот Анатоли Малихин. По нокаутот, започна вистинска тепачка помеѓу двата тима.

Кејн не ја издржа серијата на удари. Малихин го погоди точно во брадата, Реуг Реуг падна на подот, а рускиот борец го удри уште двапати со нога додека беше на подот.

Судијата го прекина мечот, но борбата продолжи помеѓу двата тима. Не задоволни со она што го видоа и славјето на противникот, тимот на сенегалскиот борец започна пресметка во рингот. Започна вистинска тепачка.

Погледнете го прекинувањето на мечот во Бангкок и хаосот во рингот. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Фановите на боксот се шокираа кога го слушнаа терминот за мечот Фјури – Џошуа!

Тајсон Фјури и Антони Џошуа ќе се најдат во рингот до крајот на годината. Официјалниот дек…