Шпанецот Карлос Алкараз со пресврт славеше против Александар Зверев и со 3:2 во сетови го освои Ролан Гарос (6-3, 2-6, 5-7, 6-1 и 6-2).
Првиот сет во мечот му припадна на Алкараз (6:3), меѓутоа Германецот се разигра и ги освои следните два со 6:2 и 7:5 и така дојде на чекор од првата грен-слем титула.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, Шпанецот не се предаде и повторно го подигна нивото на игра, додека Зверев не успеа да го задржи високото темпо. Четвртиот сет Алкараз го доби со 6:1, додека во последниот пет гем му дозволи еден гем повеќе на германскиот ас (6:2).
Алкараз со оваа победа ќе се искачи на второто место на АТП листата, додека Ѓоковиќ ќе падне на третата позиција, а лидерската позиција ќе му припадне на Јаник Синер.