Дома Фудбал Алонсо постави еден услов: Управата на Челси прифати нешто што досега никој не го добил!

Алонсо постави еден услов: Управата на Челси прифати нешто што досега никој не го добил!

Преговорите на Челси со Чаби Алонсо напредуваат и шпанскиот стручњак има силна поддршка од играчите кои го гледаат како совршено решение за нов тренер. Во соблекувалната владее уверение дека поранешниот стратег на Реал Мадрид и Баер Леверкузен е човекот кој може да ја врати екипата на победнички патеки, пишува „The Guardian“. Иако договорот сѐ уште не е постигнат и Челси ги разгледува сите опции во потрага по наследникот на Лиам Розениор, кој беше отпуштен минатиот месец по само 106 дена, Alonso е главниот фаворит.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Четириесет и четиригодишниот Алонсо сака да извлече поуки од својот престој во Мадрид, каде издржа само 34 натпревари. Наводно, Шпанецот бара гаранции околу одредени елементи, вклучително влијание врз трансферите, а изгледа дека Челси е подготвен да му го овозможи тоа, известува „The Times“.

Иако структурата на клубот со пет спортски директори, предводени од Пол Винстенли и Лоренс Стјуарт, нема да се менува, во клубот постои свест дека стручњак од калибарот на Алонсо мора да има право на збор при доведување на играчи и дека засилувањата не треба да му се наметнуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато кога Ѓоковиќ игра натпревар од второто коло на Вимблдон против Циципас

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ во среда го очекува нов предизвик на Вимб…