Дома Фудбал Oфицијално: Левандовски се збогуваше со Барселона! (Видео)

Oфицијално: Левандовски се збогуваше со Барселона! (Видео)

Роберт Левандовски ја објави својата одлука дека заминува од Барселона. Полскиот напаѓач потврди преку видео на своите социјални мрежи дека од следната сезона повеќе нема да го носи дресот на каталонскиот клуб. По четири години во таборот на Барса, утре ќе има можност да се прости од фановите на стадионот Спотифај Камп Ноу, на мечот кој сигурно ќе биде исполнет со емоции.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Договорот на Левандовски истекува на крајот од овој јуни. Влезе во Барселона летото 2022 година од минхенски Баерн веднаш станувајќи клучен напаѓач. Иако оваа сезона имаше помала улога, остана да ја демонстрира својата постојаност во постигнувањето голови.

“По четири години полни со предизвици, вложување и незаборавни моменти, дојде време да продолжам понатаму. Одам со чувство дека ја исполнив мојата мисија. Тие беа четири интензивни сезони во кои освоивме три шампионски титули и ја вративме Барса онаму каде што ѝ е местото”, напиша полскиот голгетер во своето емотивно видео на разделување, додавајќи:

“Никогаш нема да ја заборавам љубовта и поддршката која ја добивав од првиот ден. Каталонија секогаш ќе има посебно место во моето срце. Благодарност до сите кои беа дел од ова прекрасно поглавје.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо постави еден услов: Управата на Челси прифати нешто што досега никој не го добил!

Преговорите на Челси со Чаби Алонсо напредуваат и шпанскиот стручњак има силна поддршка од…