Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Бруно Фернандеш ја одведе Португалија во осминафиналето

Бруно Фернандеш ја одведе Португалија во осминафиналето


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Фудбалерите на Португалија го совладаа Уругвај со 2:0 (0:0) во натпреварот од 2.коло од групата „Х“ на Мундијалот и со тоа се пласираа во осминафиналето на Мундијалот.

Уругвај со големи очекувања дојде во Доха, а се потрпе на искуството на Луис Суарез, Единсон Кавани и Диего Годин кои тука го играат веројатно „последниот танц“.

Засега тешко им оди… По многу слабите 0:0 против Јужна Кореја, Уругвај не дојде до позитивен резултат против Португалија, па сега ќе мора да бркаат триумф против Гана која покажа дека е опасна селекција.

Уругвај имаше свои шанси на овој натпревар, но не ги искористи, па мораа да се помират со поразот. Во групата Португалија е сигурна со шест бода, Гана има три, а по еден Јужна Кореја и Уругвај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Леброн: Јас сум најдобриот кој ја играл оваа игра

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Леброн го сруши реко…