Селекторот на Уругвај, Марсело Биелса ја презеде одговорноста за поразот на својот тим.
Колумбија го совлада Уругвај со 1:0 и се пласираше во финалето на континенталното натпреварување каде ќе ги одмери силите против Аргентина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Гледајќи го индивидуалниот квалитет, јасно беше дека Уругвај е фаворит. Според мене, имав тим со посилен индивидуален талент од противникот, но не успеавме да ја материјализираме таа разлика. Јас сум виновен, бидејќи не успеав со вакви играчи“, рече Биелса.
Уругвај не го искористи и тоа што цело второ полувреме имаше играч повеќе.
„Не бевме во состојба да ја искористиме предноста од играч повеќе. Кога тим со помал индивидуален талент победи, логично е дека тренерот е виновен за водењето на репрезентацијата“, заклучи селекторот на Уругвај.