На 13 и 14 октомври во Крушево традиционално се одржа Меѓународен натпревар во параглајдинг – прецизно слетување “Прилеп Опен” и Државно првенство на Националната параглајдинг лига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Локацијата Крушево, Мечкин Камен беше избрана за старт поради поволните ветрови, а на овој натпревар од Европскиот Куп учествуваа 46 пилоти од шест земји. Првото и второ место го освоија Борјан Јованоски и Мартин Јованоски од Параглајдинг клубот „Делта“ од Прилеп, засенувајќи го европскиот шампион за 2018 година, Матијаз Слуга од Словенија кој заврши на третото место.

Во женска конкуренција златото го освои Деспина Станковска од Прилеп, второто место и припадна на Александра Уфцеска, додека на третото место се најде Теодора Величкова од Бугарија.

Беа прогласени и најдобрите македонски параглајдерски клубови за 2018 година. Првото место и најуспешен клуб за 2018 година е „Делта“ од Прилеп, втор – „Скајрајдерс“ од Прилеп и трет – летечкиот клуб „Кондор“ од Гостивар.