Сениорската македонска репрезентација во состав, Хесус Сојет (селектор) и репрезентативците, Гоце Јанески, Јасин Љама и Арсим Етеми од вчера се наоѓаат во Белград каде ќе се подготвуваат за настап на Олимпискиот квалификациски турнир во Лондон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Подготовките на македонската репрезентација ќе се одвиваат зедно со селекцијата на Србија која иста така ќе настапи во Лондон.
Ова ќе биде нова убава можност за добри подготовки на нашите репрезентативци заедно со селекцијата на Србија со чија федерација имаме одлична соработка.
Нашата репрзентација во Белград ќе ситане до 8 март, два дена подоцна, селекторот Хесус Сојет заедно со Гоце Јанески и Јасин Љама ќе отпатуваат во Лондон каде од 14 март започнуваат квалификациите за Токио 2020.