Дома Македонски спорт Мак ракомет Билетите за мечот Вардар – Мешков ќе се продаваат и пред салата на СЦ „Јане Сандански“

Билетите за мечот Вардар – Мешков ќе се продаваат и пред салата на СЦ „Јане Сандански“

За натпреварот од 2. коло од ЕХФ лигата на шампионите меѓу Вардар и Мешков билети ќе може да се купат и пред самиот меч, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“.

Билетарницата ќе биде отворена во 18,30 часот и ќе работи до почетокот на натпреварот.
Средбата е закажана за 22 септември со почеток во  20,45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Продажбата на билетите ќе се врши и стандардно како и досега:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Цени на билети по блокови:
Блок А2, А3,А5 и А6 – 450 ден.
Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 – 400 ден.
Блок 1,2 и 9 – 350 ден

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Зорица Блажевска: Навивањето Металург да згасне нема да помогне никому!

Денес Металург поради финансиските проблеми остана без уште еден француски ракометар. Отка…