Дома Фудбал Жерсон Родригез си замина од Вардар!

Жерсон Родригез си замина од Вардар!

Жерсон Родригез потврди дека го напушта Вардар, со што завршува неговата кратка и неуспешна епизода во дресот на најтрофејниот македонски клуб.

Луксембуршкиот интернационалец пристигна во Скопје со големи очекувања и беше претставуван како големо засилување, но не успеа да ги оправда најавите. За само два месеци во црвено-црниот дрес одигра шест натпревари, на кои постигна еден гол и забележа две асистенции.

„Сега конечно се чувствувам слободен. Сакам да одам некаде каде што ќе се чувствувам како дома“, порача Родригез.

Неговиот престој во Вардар во последниот период беше дополнително отежнат. Поранешниот репрезентативец на Луксембург не беше во конкуренција за настап на натпреварите, а во меѓувреме тренираше одвоено од првиот тим.

Така, наместо да биде едно од главните засилувања на Вардар, Родригез клубот го напушта по само два месеци, оставајќи зад себе епизода која тешко може да се оцени поинаку освен како големо промашување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тежок удар за Јувентус, Спалети нема да смета на важен играч од јануари!

Фудбалерот на Јувентус, Кефрен Турам, успешно помина низ хируршка интервенција на десното …