Дома Фудбал Германија „Билд“ знае кој ќе биде наследникот на Нико Ковач

„Билд“ знае кој ќе биде наследникот на Нико Ковач

Арсен Венгер е најсериозен кандидат да седне на клупата на Баерн Минхен откако Нико Ковач доби отказ, пишуваат германските „Билд“ и „Спорт1“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според двата извори, Венгер е заинтересиран за ангажман до крајот на сезоната како привремено решение кога Баерн ќе одлучи дали ќе го задржи или ќе бара друго тренерско име

„Фаворит на Барн е Ерик Тен Хаг, но со оглед дека тој јасно кажа дека нема да го напушти Ајакс на сред сезона, ќе се чека до лето. Баерн затоа треба да ангажира привремен тренер, фаворит за таа улога е Арсен Венгер“, пишува „Спорт1“.

„Директорите на Баерн знаат дека Венгер ќе каже „да“ ако го повикаат, дури и како привремен тренер“, тврди „Билд“.

Славниот тренер минатиот месец наполни 70 години, а без ангажман е од пролетта 2018 година кога после 22 години го напушти Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …