Дома Македонски спорт Мак фудбал Бесник Ферати потпиша за Шкупи

Бесник Ферати потпиша за Шкупи

Лидерот во македонското првенство, Шкупи денес го претстави Бесник Ферати како ново засилување.

За 21-годишниот фудбалер за врска ова е враќање во Чаир после неколку години. Ферати со Шкупи потпиша договор на една ипол година.

„Среќен сум што се враќам во тимот на Шкупи. Доаѓањето во овој клуб за мене носи посебна емоција и се надевам дека ќе имам успеси. Убеден сум дека ќе продолжиме со добрата работа. Ќе се обидам да дадам максимум за дресот кој за мене е посебен“, изјави Ферати.

Ферати доаѓа од редовите на Академија Пандев, инаку е член и на репрезентацијата до 21 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Официјално: Муарем Бајрами го продолжи договорот со Македонија Ѓорче Петров

Tренерот на Македонија Ѓорче Петров Муарем Бајрами ја продолжи верноста кон клубот во след…