Дома Фудбал Италија Берлускони: Како да се врати стариот Милан? Едноставно е – вратете ми го мене

Берлускони: Како да се врати стариот Милан? Едноставно е – вратете ми го мене

0

Берлускони го предводеше Милан во најсупешниот период на клубот.

Пред неколку години славниот Италијанец се одлучи да го продаде Милан, но од тогаш „росонерите“ никако не можат да се вратат на старите патеки. Клубот потроши и многу финансии, проектите на новите газди кои доаѓаа се покажуваа како неуспешни.

И покрај тоа што не е во Милан, Берлускони ги следи случувањата и често пати испраќа критики на сметка на неговиот поранешен клуб. Сега тој порача дека единствен начин за Милан да излезе од кризата е да му го вратат клубот.

„Едонстававно е, но и тешко. За да се врати големиот Милан треба да му се врати на Силвио Берлускони. Овој Милан не е ниту бледа сенка на Милан кој јас го водев“.

Берлускони го прокоментира и проектот за градење на заеднички стадион на Милан и Интер.

„Навистина станува збор за убав проект, тие ќе имаат фантастична арена. Меѓутоа на „Сан Сиро“ има големи спомени и ќе дадам предлог да не се урива туку на него да игра мојата Монца“, изјави Берлускони.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поранешниот спортски директор на Милан открива детали: Управата му кажуваше на Гатузо кој да игра

Џенаро Гатузо во ноември 2017 година го превзема Милан, а си замина во мај 2019 откако не …