Дома Трансфер зона Барселона ја сака младата ѕвезда на Интер

Барселона ја сака младата ѕвезда на Интер

Барселона покажува сериозен интерес за играчот на Интер, Николо Барела, пренесува „Газета дело Спорт“.

Каталонците веќе подолго време го следат играчот за врска, кој се етаблираше во еден од најдобрите поединци во тимот на Конте.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


23-годишниот Барела поникна во Каљари од каде се пресели на „Сан Сиро“ за 40 милиони евра.

Оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во Серија А и го привлече интересот на Барселона.

Италијанецот има договор со Интер до 2024 година, па на Барселона ќе и биде тешко да ги убеди „нероаѕурите“ да ја пуштат својата ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…