Саудискиот клуб Ал Хилал му понуди на врскиот играч од средината на теренот на италијанската фудбалска репрезентација и на Интер, Николa Барела (28), повеќегодишен договор вреден 35 милиони евра годишно, пренесуваат италијанските медиуми. Саудијците прво понудија 18 милиони евра, но кога Барела ги одби, ја зголемија понудата на дури 35 милиони евра.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Одличниот италијански врски играч минатата година го продолжи својот договор со Интер до 2029 година, вреден 6,5 милиони евра годишно. Барела пристигна во Интер во 2019 година од Калјари, прво на позајмица, а потоа “Нераѕурите” го откупија неговиот договор. Досега во дресот на миланскиот клуб има запишано 272 настапи, постигнувајќи 25 гола, додека за италијанската репрезентација има 61 настап со 10 гола.
Ал Хилал во моментов е на второ место во саудиското првенство со 57 бодови, четири помалку од лидерот Ал Иттихад. Клубот го води Португалецот Жорж Жезус, а главните ѕвезди се мароканскиот голман Јасин Буну, португалскиот бек Жоао Кансело и португалскиот врски играч Рубен Невес.