Дома Фудбал Барселона објави колку ќе паузираат Јамал и Левандовски

Барселона објави колку ќе паузираат Јамал и Левандовски

Ламин Јамал поради повреда не беше во составот на Барселона за вчерашниот натпревар против Реал Сосиедад, а по дуелот со баскијците тренерот Ханси Флик се соочи со дополнителен проблем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона непосредно пред дуелот на „Сан Себастијан“ потврди дека Јамал нема да биде во комбинација за настап, додека во вчерашниот дуел се повреди и Роберт Левандовски.

По направените денешни тестови потврдено е колку ќе паузираат двајцата фудбалери.

„Тестовите утринава покажаа дека фудбалерот Ламин Јамал има истегнување на зглобот од прв степен. Се очекува да биде надвор од теренот две до три недели“.

„Роберт Левандовски заработи повреда на долниот дел на грбот. Тој ќе биде надвор од теренот околу 10 дена“, oбјави Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На адресата на Реал пристигна понуда од 120 милиони евра, но Перез ги изненади сите со својата одлука

Од Реал Мадрид се очекуваат големи потези во летниот трансфер период, а многумина беа изне…