
Арина Сабаленка уште еднаш докажа дека не ја привлекува само со брилијантната игра на тениските терени, туку и со активноста на социјалните мрежи, каде што новите фотографии во бикини ги восхитија нејзините бројни следбеници.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Атрактивната Белорусинка моментално ги користи слободните денови за одмор, а сцените што ги сподели брзо станаа центар на многубројни коментари.
Фотографиите беа направени по нејзиниот настап на Вимблдон, каде што и оваа година не успеа да го направи конечниот чекор кон посакуваното финале.
На патот кон борбата за трофејот, нејзе ја застана Наоми Осака, која победи со 2:0 во сетови.
Сабаленка не ја криеше разочараноста по елиминацијата, наведувајќи дека не одиграше на нивото кое го очекува од себе.
По натпреварот новинарите ја прашаа како ја доживува улогата на прва светска тенисерка.
Белорусинката искрено призна дека во тој момент не размислуваше за WTA листата.
“Вчера бев број еден, денес не играв на тоа ниво. Не ја следам ранг-листата. Сакам целосно да се одморам, да го заборавам тенисот, а потоа да се вратам во уште подобра форма”, изјави Сабаленка.
Изгледа дека првиот чекор кон тоа беше токму одморот, кој одлучи да го помине подалеку од тениските терени.
На објавените фотографии позира во бикини, насмеана и опуштена, покажувајќи дека оставила зад себе разочарувањата од Лондон.
Објавите во краток временски период собраа голем број лајкови и коментари, а фановите и испратија бројни пораки на поддршка.
Особено внимание привлече фотографијата на која е заедно со нејзиното куче, неразделниот придружник кој често го носи со себе на патувањата.
Нивната поврзаност одамна е позната на нејзините навивачи, па токму тој призор предизвика многу позитивни реакции.
Сабаленка сега ги полни батериите пред продолжувањето на сезоната, каде што повторно ќе се обиде да ја задржи својата позиција на врвот на светскиот тенис.
Додека чека нови предизвици на теренот, најдобрата светска тенисерка уште еднаш демонстрираше дека знае како да ја привлекува вниманието и надвор од тениските терени.