
Јирген Клоп раскажа како клубот од „Енфилд“ во еден случај се обидел да го убеди Килијан Мбапе да премине во нивниот тим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клоп присуствуваше на натпреварот меѓу Франција и Мароко во четвртфиналето на Светското првенство, каде сведочеше на уште една лесна победа на Французите и на одличен настап на Мбапе. По натпреварот, тие се поздравиле многу срдачно, и Мбапе дури и на кратко ја прекинал својата прослава за да го поздрави германскиот стратег.
Нивното познанство потекнува одамна. Повторната средба со ѕвездата на Франција го поттикнала Клоп да раскаже за еден настан од пред неколку години, малку познат на љубителите на фудбалот.
Тоа беше летото кога Мбапе го напушти Монако и стана сензација на трансфер пазарот. Според Клоп, Ливерпул тогаш направил сè за да го доведе во својот тим…
“Мбапе е најскапата акција што не заврши со трансфер, а за која ние (Ливерпул) вложивме средства. Летавме од Блекпул до Ница. Таму, целото семејство на Мбапе се качи во приватен авион со пет соби или некако така”, откри Клоп и им го привлече вниманието на соговорниците пред камерите на германската Махента.
Бевте во толку голем авион, го праша новинарот Клоп.
“Да, да, навистина правевме сè што можевме. Потоа, летавме во круг, разговорме со семејството, јадевме одлична храна… Сето тоа се случуваше во авионот”.
На претпоставката на репортерот дека експедицијата на Ливерпул не сакала да биде забележана со Мбапе, Клоп го коригираше:
“Не смеевме да бидеме видени… Кружевме. Беше фантастично.”, одговори германецот.
На крајот, целиот напор на „црвените“ не беше доволен. Мбапе го одбра Пари Сен Жермен.
“И потоа тој замина во Париз…”, заврши Клоп.
‼️Jürgen Klopp i MagentaTV om när han försökte värva Mbappé till Liverpool från Monaco⤵️
— Keven Bader (@Keven_Bader) July 9, 2026
🗣️ Klopp: Den dyraste icke transfer som vi [Liverpool] investerade i. Vi flög från Blackpool till Nice. I Nice klev hela familjen Mbappé ombord på ett privatplan med fem rum eller något.… pic.twitter.com/4fA5xooeKD