Дома Трансфер зона Барселона во јануари може да се засили со напаѓач од Кина

Барселона во јануари може да се засили со напаѓач од Кина

Барселона изминатата ноќ го потврди доаѓањето на Чави на клупата, а сега веќе се зборува и за потенцијалните засилувања.

Чави на клупата ќе дебитира после репрезентативната пауза и ќе има доволно време да се запознае со целата екипа. Барселона се соочи со проблем со отсуството на Агуеро кој надвор од терените ќе биде најмалку три месеци. На располагање во нападот Чави ќе го има Лук Де Јонг кој не ги оправда очекувањата од доаѓањето од Севиња.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа во јануари клубот ќе се обиде да доведе напаѓач. Мадритски „АС“ пишува дека во нападот Барселона би можела да се засили со Седрик Бакамбу кој игра во кинескиот Гауан.

Добро за Барселона е што неговиот договор истекува во јануари и Барселона би можела да го довед ебез оштета. Шпанија не е непозната за 30-годишниот напаѓач кој остави добар впечаток носејќи го дресот на Виљареал во Кина игра од 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Медиумите по потписот го потсетија Ракитиќ на изјава до 2006 година

Хрватскиот ветеран Иван Ракитиќ и официјално беше претставен како нов фудбалер на Хајдук о…