Дома Топ вести Барса и Реал Мадрид во битка за „новиот Варан“

Барса и Реал Мадрид во битка за „новиот Варан“

Барселона и Реал Мадрид покажуваат силен интерес кон младиот дефанзивец на Тулуз, Жан Клер Тобидо, пренесуваат шпанските медиуми.

19-годишниот Тобидо важи за еден од најталентираните стопери во Европа и за неговиот потпис интерес покажаа уште Јувентус, Наполи и Баерн Минхен.


Дерби до Дерби! Комплетен фудбалски викенд ↓↓↓


Договорот на Тобидо со Тулуз истекува на крајот на сезоната, па тој во јануари ќе биде слободен да потпише преддоговор со новиот клуб и на лето да пристигне како слободен агент.

Според „Мундо Депортиво“, играчот во наредните денови ќе донесе конечна одлука за својата иднина.

Младиот француски репрезентативец уште го нарекуваат „новиот Варан“, поради начинот на игра, но и физичката сличност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изненадување: Алегри во Премиер лигата?!

Иако на Јувентус не му оди лошо во Серија А сезонава се погласни се шпекулациите дека Маси…