Дома Топ вести Барса и Атлетико на „Ноу Камп“ одиграа за Реал 🎥

Барса и Атлетико на „Ноу Камп“ одиграа за Реал 🎥

Денес Барселона и Атлетико Мадрид го одиграа големото дерби во Ла Лига.

Овој натпревар привлекуваше огромно внимание затоа што во последните кола Барселона, Атлетико и Реал влегуваат во жестока трка за титулата. На крајот на „Камп Ноу“ денес не видовме погодоци, а Барса и Атлетико ги поделија бодовите.

Во второто полувреме по еднаш се тресеа мрежите на двете страни, но двата гола оправдано беа поништени. На Атлетико поради фаул во напад, а на Барса поради офсајд.

Меси имаше една одлична прилика после одличен соло продор, меѓутоа Јан Облак ја допре топката доволно за да и го промени правецот и таа да не заврши во мрежата. Дембеле на пет минути пред крајот од идеална позиција со глава го префрли голот. На спротивната страна Суарез пропушти 2-3 добри прилики. Оние на Барселона беа посериозни, сепак на крајот бодовите се поделија.

Ремито повеќе му одговараше на Атлетико кој со 77 бода останува на лидерската позиција пред Барселона која има 75. Реал е трет со 74, но „кралевите“ утре го играат својот натпревар Севиља. Клубот од Андалузија е четврти со 70 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Историски момент беше денес да се гледа Македонија, срцето ми е полно за Пандев“

Марио Ѓуровски како што најавивме е дел од нашиот експертски кој ги коментира натпреварите…