
Според британските медиуми, напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Бредли Баркола, ќе го напушти актуелниот европски првак.
Имено, за напаѓачот на „светците“ заинтересиран е Арсенал, кој нуди 80 милиони евра за неговите услуги.
Менаџерот на „топчиите“, Артета, го одобри овој трансфер.
Со доаѓањето на Кварачкелија, Баркола го загуби местото во првата постава на ПСЖ.
Минатата сезона одигра 29 натпревари и постигна 11 голови.