
Фудбалската репрезентација на Јапонија со големи чекори е на пат кон следната фаза на Светското првенство откако утрово со убедлива игра славеше против Тунис во Монтереј со резултат 4:0.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Возбудливото реми против фаворитот во групата F Холандија најави дека “самураите” би можеле да ги издоминаат немоќните Тунижани, кои веќе со “петарда” против Швеѓаните почнаа да ги спакуваат куферите.
Иако цело време изгледаше дека Јапонците играат со „пола гас”, четири гола во мрежата на Тунис се доказ дека тие и без многу напор го скршија отпорот на Африканците.
Јунак на триумфот беше двојниот стрелец Ајасе Уеда, кој покрај головите успеа и да запише асистенција, најавувајќи форма која добро ќе им дојде на Јапонците во дербито против Шведска.