Дома Трансфер зона Барса денес го претстави стоперот од 36 милиони евра (фото)

Барса денес го претстави стоперот од 36 милиони евра (фото)

lenglet bartomeu

Тој е воторото засилување за Барса ова лето.

После Бразилецот, Атрур, Барселона го ангажираше и францускиот стопер од редовите на Севиља, Клемент Ленглет.

Трансферот беше официјализиран во текот на денешниот ден, а фудбалерот денес беше претставен во новиот клуб.

Овој 23 годишен фудбалер потпиша петгодишен договор со Барселона која на Севиља и плати сума од 35.9 милиони евра, а во договорот на фудбалерот вметната е откупна клазула од 300 милиони евра.

Во Барселона, Ленглет го опишаа како еден од најталентираните дефанзивци во светот.

Неговото доаѓање на „Камп Ноу“ веројатно значи и дека Барселона до крајот на летниот преоден рок ќе се откаже од услугите на Јери Мина кој немаше баш најдобра сезона, но пак одигра одлично на Мундијалот.

Интерес за Мина до овој момент покажуваа Евертон и Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се вклучи во трката за Вајналдум

Англиските медиуми пренесуваат дека Жоржињо Вајналдум дефинитивно ќе го напушти Ливерпил н…