Дома Македонски спорт Барди: Украина има играчи со голем квалитет, не чека важен натпревар и сакаме позитивен резултат

Барди: Украина има играчи со голем квалитет, не чека важен натпревар и сакаме позитивен резултат

Maкедонија утре ја очекува најважниот натпревар во овие квалификации, против Украина само победа е опција за да останеме во игра за пласман на Европското првенство следната година во Германија.

На првиот натпревар во Скопје испуштивме предност од 2:0 која ја имавме по првото полувреме, Украинците на крајот славеа со 2:3.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Покрај селекторот Благоја Милевски (ТУКА) на денешната прес-конференција зборуваше и капитенот Енис Барди. Барди очекува возбудлив и изедначен натпревар.

„Украина е многу квалитетна репрезентација, има доста играчи со голем квалитет. Не размислуваме за нивните отсуства, туку само за нашиот тим. Секогаш разговараме за нашите слаби страни и како да се подобриме. Зборуваме за менталитетот кој сакаме да го промениме, се консолидиравме и го надминавме јунскиот пораз.

 Со самото тоа што го носиме репрезентативниот дрес, значи дека ние сме најдобрите играчи во моментот, не е потребна поголема мотивација. Со Украина играме уште еден важен натпревар за нас, па сакаме позитивен резултат. Мислам дека на првиот дуел имавме падови на концентрацијата, во некои ситници кои може да се казнат. Сите ќе преземеме одговорност, знаеме колку ни значи и без притисок не може да се игра“, изјави Барди.

Натпреварот против Украина го играме во попладневниот термин од 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Јунајтед избегна срам, па се пласира во финалето на ФА

Манчестер Јунајтед на драматичен начин после изведување на пенали го елининира Ковентри и …